Среќен роденден!

Списокот на славеници на родендени е побогат за ракометарите и ракометарките кои на 8 април ќе станат повозрасни за една година.

Ракометарот на Елверум, Симен Холанд Петерсен, денеска полни 21 година. Исто така 21. роденден ќе го прослави и Србинката Надежда Богдановиќ, која настапува за тимот на Јагодина.

Меѓу славениците е и Вилијам Акамбре од Франција. Тој е играч на Веспрем, кој сезонава настапува како позајмен ракометар во екипата на Целје.

Романката Јулија Василица Куреа која настапува за ЧСМ Букурешт, денеска полни 37 години.

Среќен роденден Симеон, Надежда, Вилијам и Јулија!