Ракометарките на норвешкиот првак Кристијансанд победија на првиот четвртфинален натпревар против црногорскиот шампион Будуќност во Лигата на шампиони со убедливи 19-24 и се многу блиску до место на завршниот турнир во Будимпешта.
По почетното водство со 3-2, гостинките направија серија од пет голови за 3-7 и до крајот на натпреварот не ја испуштија предноста. На пауза имаа 8-10, а во вториот дел најчесто беше плус три или четири за Кристијансанд. Тренерот Драган Аџиќ и неговите избранички немаа решение за брзите гостински ракометарки и ќе мораат со негатива да патуваа во Норвешка, 19-24.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Рајстад со шест, Кристиансен со пет и Суланд со четири погодоци, додека кај домашната екипа од Подгорица се истакнаа Јауковиќ со пет и Булатовиќ со четири голови.


