Среќен роденден Бобан!

Десното крило на Охрид и играч кој во последните неколку сезони е редовно меѓу најефикасните во Супер машката лига, Бобан Блажески денеска ќе наполни 30 години. Тој во последните две сезони е еден од најдобрите ракометари на охриѓани и редовно е прв стрелец на тимот.

Роденден има и еден од тренерите на Металург. Поранешниот „чувар на мрежата“ на репрезентацијата на Македонија и на повеќе екипи во домашното Првенство, Петар Мисовски денеска полни 43 години.

И Златко Вељановски од Пелистер, кој сега е тренер денеска има роденден, а тој полни 37 години.

Меѓу славениците е и ракометарот од Хрватска кој настапува во тимот на Бешикташ, Мијо Томиќ. Го прославува својот 26. роденден.

Екатерина Левша од Русија, која го носи дресот на Мец исто како и Томиќ денеска ќе наполни 26 години.

Роденден има и Германката Ким Наидзинавичиус. Таа настапува за тимот на Битигхајм, а денеска го прославува 28. роденден.

Среќен роденден Бобан, Петар, Златко, мијо, Екатерина и Ким!