Поранешните ракометарки на Вардар, Јованка Радичевиќ, Андреа Лекиќ и Барбара Лазовиќ заедно постигнаа 22 од 26 гола на ЧСМ Букурешт, но тоа не беше доволно да може да се забележи победа против одличниот состав на Мец кој стигна до триумф на гостувањето во Романија. Конечните 26:31 само најавија дека тимот од Франција има поголеми шанси за да дојде до пласман на завршниот турнир во Будимпешта на 11 и 12 мај.
Победникот на овој дуел беше решен после првите 30 минути. Гостинките од Франција водеа со 14:11 на паузата, па во вториот дел само ја зголемија. Со тоа стигнаа до 31:26 и со пет гола предност на реваншот се чини ќе немаат проблеми да дојдат до пласман на завршниот турнир.
Денеска Јованка Радичевиќ беше најрасположена за игра. Постигна десет од 12 шута, а гол помалку од неа имаше Андреа Лекиќ која упати 13 удари кон голот на Мец. Барбара Лазовиќ беше трет стрелец со три погодока од девет шута. Кај победникот Германката Ксенија Шмит реализираше шестпати до 11 удари, додека пет гола од шест шута имаше Беатрис Едвиж.
Реваншот се игра на 13 април од 20 часот.


