Двајца ракометари кои оставија голем белег во македонскиот ракомет и во репрезентацијата на Македонија денеска слават роденден.
Ванчо Димовски е поранешен пивот на Македонија кој беше дел од големите успеси на македонскиот ракомет. Долго го носеше дресот на Македонија, а настапуваше и за тимовите на Вардар, Металург, Пелистер, Пролет и Работнички. Димовски денеска полни 40 години.
Роденден слави и актуелниот тренер на Ница, кој многу пред Димовски ја заврши репрезентаивната кариера. Марјан Колев поголем дел од кариерата мина во Вардар, а ја заврши во Франција. Колев денеска полни 42 години.
Тука е и репрезентативецот на Словенија, Деан Бобмач. Ракометарот на Пик Сегед денеска ќе наполни 30 години.
Португалецот Жоао Гамбоа кој настапува за екипата на Спортинг, пак, ќе го прослави својот 19. родеден.
И соиграчот на Филип Талески во Рајн Некар, Штефен Фет е меѓу славениците. Германецот денеска ќе наполни 29 години.
Среќен роденден Ванчо, Марјан, Деан, Жоао и Штефен!


