Најдобрата млада ракометарка во Лигата на шампионите од новата сезона ќе биде член на Подравка од следната сезона. Хрватскиот состав ќе добие силно и квалитетно име во својот табор. Тјаша Станко по Гркинката Ламприни Цакалу е второ засилување од Крим за хрватскиот шамион.
Талентираната Словенка, кариерата ја започна во Загорје каде настапуваше од 2014 до 2017 година. Потоа го облече дресот на Крим и стана соиграч на Сара Ристовска. Таму имаше две успешни сезони, а во минатата беше избрана за најдобра млада ракометарка во Лигата на шампионите.
Со Крим по двапати го освои домашниот Куп и Лига, а на пат е кон истиот успех и во оваа сезона. Игра на позицијата лев бек, но може да се пронајде и на уште неколку позиции. Големо засилување за Подравка во походот кон што подобро издание во Европа.
Таа е членка на словенечката репрезентација и ќе ја гледаме во бараж двомечот против Македонија за пласман на Светското првенство во Јапонија.


