Екс-вардарката Саздовска им честиташе на колегите: Ајде, ајде вардаре! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест го привлече вниманието на ракометната јавност и радоста за новото финале на „црвено-црните“ секако голема со оглед на тоа што вардарци уше еднаш ќе се борат за трофеј и се со одлични шанси да дојдат до истиот.

Поранешната ракометарка на Вардар и актуелна репрезентативка на Македонија, Јована Саздовска ја прослави денешната победа на интересен начин. Таа објави кратко видео на својот профил на Инстаграм со што им ја честиташе победата на вардарци.

На видеото може да се види како челниците на Мешков Брест се разочарани и дефинитивно не им е сеедно бидејќи очекуваа ова да биде празник за нив бидејќи имаат прослава во градот.