Натпреварите од Ф4-турнирите во СЕХА секогаш биле интересни за публиката и навивачите имале со што да се најдат во центарот на вниманието. Тие и овој пат упатија голем број на пораки за своите клубови, а најинтересните од нив се најдоа на СЕХА-ѕидот во Брест.
Има огромен број на пораки со поддршка за ракометарите на Вардар од кои се очекува денеска да го покажат најдоброто на теренот и да успеат да дојдат до добар резултат.
„Играј Вардар со срце нас“ е секако пораката која е во центарот на вниманието, а несомнено е дека „црвено-црните“ ќе го направат тоа и ќе одиграат максимално за да успеат да дојдат до уште едно финале.

Големиот број на пораки можете да ги видите и на другите фотографии така што едно е јасно, а тоа е дека Вардар и понатаму ужива огромна поддршка.




