Данска без проблеми против Украина

Селекцијата на Данска на вториот натпревар од Б групата ја победи Украина. Пред скромната публика во Дебрецен репрезентативките на Данска беа подобар противник од Украина во секој сегмент од натпреварот.
По 30 минути игра резултатот беше 14-11 во корист на скандинавките. Данска водството од три разлика постојано го одржуваше благодарение на одличната голманка, Сандра Тофт и фокусираноста на данските репрезентативки. Кристина Кристиансен со два погодоци во серија во вториот дел ги донесе највисоките пет разлика за Данска 16-11 во 33 минута.
Украинскиот напад сеуште не можеше да го пронајде патот до мрежата на Тофт. Во второто полувреме за десет минути селекцијата на Украина постигна еден, а Данска шест погодоци што беше причина за тајм-аут на селекторот на Украина. Лошата игра на украинките продолжи и во останатиот дел од натпреварот. Шутерски расположена во редовите на Данска беше средниот бек, Кристина Кристиансен која лесно реализираше од надворешните позиции. Украина ретко се радуваше на погодок, а виновник за тоа беше цврстата одбрана на противникот.По 60 одиграни минути Данска заслужено дојде до победа со резултат 32:23.
Најефикасна во редовите на Данска беше Кристина Кристиансен со шест погодоци, во селекцијата на Украина најдобра поединка беше Јулија Борисенко со седум погодоци.