Среќен роденден Џоле!

Членот на најдобрата судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски денеска има ден за прослава. Судијата кој заедно со неговиот партнер Славе Николов е дел од сите поголеми ракометни настани во последните десет години денеска полни 41 година.

Роденден слави и голманот на Пелистер, кој се врати меѓу битолчани после неколку месеви во Охрид, Мартин Јовановски. Тој денеска полни 25 години.

Денеска 24 години ќе наполни ракометарката на Јагодонија, Марија Јовановиќ.

Родендени имаат и две ракометарки кои настапуваат за ФТЦ Раил Карго. Се работи за две Унгарки. Кинга Кливњи ќе наполни 27 години, додека Доротија Фалувеги полни 21 година.

Среќен роденден Ѓорѓи, Мартин, Марија, Кинга и Доротија!