Среќен роденден Горан!

На 29 март роденден слават неколку ракометари и ракометарки од Македонија. На списокот има двајца ракометари и две ракометарки, а едниот од играчите е и репрезентативец на Македонија, кој настапи на последниот Мундијал.

Горан Крстевски, кој е играч на екипата на Еурофарм Работник денеска ќе наполни 23 години. Тој е ракометар кој во 2017 година беше дел од репрезентацијата која го освои 6. место на Мундијалот во Алжир.

Роденден слави и Јане Јанчев, кој во моментов игра во Финска. Тој денеска полни 32 години.

Ракометарката на Спартак, Александра Јованчева, пак, ќе го прослави својот 25. роденден.

Јана Алексова од Металург е најмала во оваа група на ракометари и ракометарки и таа денеска полни 17 години.

На списокот на славеници се и двајца ракометари на Пик Сегед, клубот кој е можен ривал на Вардар во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Хрватот Ален Блажевиќ полни 33 години, додека Унгарецот Жолт Балог денеска ќе наполни 30 години.

Среќен роденден Горан, Јане, Александра, Јана, Ален и Жолт!