Екипата на ЧСМ Букурешт стигна до победа во првиот четвртфинален дуел од Челинџ купот. Тимот во кој настапува нашиот репрезентативец, Гоце Георгиевски немаше тешка задача и убедливо славеше (25:19). Репрезентативното крило средбата ја заврши со два постигнати гола.
ЧСМ Букурешт го доби овој натпревар како од шега. Добро започна против немоќните противници и во 15. минута дојде до 8:3. Не успеа Борац Бања Лука да се опорави од почетниот притисок на противникот и до крајот на првиот дел за малку фалеше да губи со двоцифрена разлика. Полувремето заврши 16:7.
Вториот дел гостите го започнаа со серија од 4:0. Намалија на минус 5, но повторно паднаа под притисокот на Букурешт. Домаќините одново ја вратија големата предност, и на крајот славеа со шест гола разлика и покрај тоа што можеа многу повеќе.
Сампајо Сантош беше најдобар играч на теренот со постигнати осум гола. Александер Тиуменцев Барбараш погоди четири. Кај гостите, Милан Дакиќ и Срѓан Савиќ погодија по четири пати. Реваншот е на програмата за седум дена во Бања Лука.


