Швајцарско засилување за Шамбери

Швајцарскиот репрезентативец Лукас Вон Дешванден ќе се приклучи на екипата на Шамбери по завршување на сезоната.

Дешванден и Шамбери потпишаа две годишен договор од следната сезона кој ќе има важност до летото 2021 година. Тој ја покрива левата бековска позиција.

29-годишниот играч имаше договор со бундеслигашот Штутгарт кој важи до 2020 година, но двете страни се договорија да ја прекинат соработката една година порано.

Вон Дешванден претхоно има настапувано за екипата на Вакер Тун, од каде се прсели во Штутгарт претходната сезона.