Среќен роденден Марија и Камер!

Репрезентативката на Македонија, Марија Штериова доби можност за да го прослави својот роденден со колешките од репрезентацијата. Од вчера таа е на тренинзи со националниот тим во рамки на ЕХФ-неделата и се подготвува за двата меча против Црна Гора кои ќе се играат в петок и в сабота.

Штериова во моментов настапува во првенството на Романија, а досега има играно за сите селекции. Во 2008 година беше дел од Мундијалот во младинска конкуренција организиран во Македонија. Денеска Марија ќе наполни 28 години.

Покрај Штериова денеска роденден слави и делегатот Камер Металари, кој е одговорен во РФМ за натпреварувањата на домашна сцена. Тој е поранешен судија, кој долго време судеше и натпревари на меѓународна сцена. По завршувањето на судиската кариера продолжи како делегат. Металари денеска полни 63 години.

Роденден денеска слават уште две ракометарки кои настапуваат во домашното првенство. Мартина Митроска од тимот на Деспина од Прилеп ќе наполни 23 години.

Ивона Блажеска која е дел од екипата на Металург, пак, полни 19 години.

Хрватот, Јосип Ереш, кој е ракометар на Загреб на неколку дена до дуелот со Вардар ќе има можност да го прослави својот 24. Роденден.

Касандра Толбринг од Шведска, која ги брани боите на Ларвик денеска ќе наполни 26 години.

Среќен роденде Марија, Камер, Мартина, Ивона, Јосип и Касандра!