Овој викенд ќе почне со прослава меѓу вардарци бидејќи новиот миленик на навивачите на „црвено-црните“, Дејан Милосављев денеска слави роденден. Тој денеска ќе наполни 23 години.
Роденден слави и Андреа Томческа од Металург. Таа денеска полни 17 години.
Меѓу славениците денеска е и играч на противникот на Вардар во осминафиналето од Лигата на шампионите. Хрватот Јосип Веќиќ, денеска го слави својот 21. роденден.
Исто така 21. роденден ќе прослави и Норвежанката Мари Финстад Бергум. Таа го носи дресот на Ларвик.
Прослава на роденден ќе има и во Ѓер, каде младата Унгарка Лаура Курти ќе наполни 17 години.
Среќен роденден Дејан, Андреа, Јосип, Мари и Лаура!


