Откако беа комплетирани сите натпревари од главната рунда во Лигата на шампионите, познати се и четвртфиналните двобои, од каде се обезбедува место на завршниот турнир во Будимпешта.
Најинтересно би требало да биде на дуелот меѓу Мец и ЧСМ Букурешт. Романскиот тим без повредените Неагу и Куртовиќ, не смее да се прогласи за фаворит, па сигурно дека нема да му биде лесно да стигне до Ф4.
Ѓер е голем фаворит против данскиот Одензе, додека интересно би требало да биде на натпреварот меѓу Ростов и Ференцварош, а Будуќност ќе има тешка задача против норвешкиот Кристијансанд во последното четвртфинале.
Првите натпревари се играат од 5 до 7 април, додека реванш средбите се на програтам една седмица подоцна.



