СЕХА: Загреб ја совлада Војводина во Нови Сад

Во натпревар од Сеха лигата екипата на ППД Загреб ја совлада Војводина во Нови Сад со 23:28 (9:10), но домаќините се покажаа како тврд орев на овој натпревар.

Загреб со голот на Брозовиќ успеа да поведе на овој натпревар и го задржа водството до самиот крај. Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни, а Загреб го имаше највисокото водство од +2 (5-7) во 21 минута. Брозовиќ со својот втор гол му донесе водство на Загреб на полувреме од 9-10.

stepancic

www.seha-liga.com

Лука Степанчиќ беше најрасположен на почетокот на вториот дел кога со три гола учествуваше во серијата од 6-2 со која гостите поведоа со 11-16 во 38 минута. Војводина со голот на Станковиќ успеа да се врати на -1 (17-18) во 43 минута по што ја врати неизвесноста на овој натпревар. Сепак Загреб се покажа како поискусна екипа и со голот на Вуглач на три минути пред крајот повторно ја врати најголемата предност нод 21-26 со што беше решен победникот на овој натпревар. Хорват со својот четврти гол од четвртиот обид ги постави конечните 23-28, за седма победа на хрватскиот состав во Сеха лигата.

Лука Степанчиќ и Златко Хорват го предводеа нападот на Загреб со 4 голови. Во екипата на Војводина напрецизни беа Зоран Николиќ со 7 и Урош Елезовиќ со 6 голови.