Монпелје ја продолжува борбата за второ место со Нант

Во рамки на 17. коло во Првата лига на Франција беа одиграни пет натпревари во кои фаворитите дојдоа до сигурни победи. Монпелје забележа нов триумф и ја продолжи борбата за второто место со Нант, со оглед на тоа што ПСЖ има предност од два бода и натпревар помалку тешко е да се очекува дека ќе дозволи некоја од екипите да им го загрози првото место.

Сепак, многу попрегледно ќе биде откако денеска тимовите на ПСЖ и Нант (20:45ч) ќе одиграат својот меч од 17. коло така што ќе има комплетна слика на првите три позиции.

Во вечер на гостите беа подобри сигурни победи си обезбедија Тулуз, Шамбери, Сен Рафаел и Монпелје, додека едниствената победа на домашен терен ја забележа екипата на Ним против Трембле.

ФРАНЦИЈА, РЕЗУЛТАТИ, 17. КОЛО

ДАНКЕРК – ТУЛУЗ 22:28 (14:13)
Пелајо 6, Буто 4 – Олсон 7, Руиз Санчез 6

НИМ – ТРЕМБЛЕ 32:26 (17:16)
Нјате 7, Санад 6 – Портела 9, Сиакам 6

ИВРИ – ШАМБЕРИ 22:32 (11:12)
Виум Троелсен 7, Моралес 6 – Анкетиј 6, Трита 6

ПОНТО – СЕН РАФАЕЛ 27:32 (16:14)
Јукиќ 6, Левенто 5 – Дипанда 9, Гајдученко 6

ЕКС – МОНПЕЛЈЕ 19:23 (9:11)
Мине 6, Ларсен 5 – Ричардсон 8, Афгур 5

ТАБЕЛА: 1. ПСЖ 31 бод (507:402, -1 меч); 2. Монпелје 29 (482:432); 3. Нант 28 (486:429, -1 меч); 4. Ним 27 (495:463)…