Среќен роденден Богдан Маковеј!

Тренерот од Романија кој остави огромна трага во македонскиот ракомет и во машка и во женска конкуренција, Богдан Маковеј денеска полни 66 години. Маковеј беше неколку сезони дел од тимот на Кометал Ѓорче Петров и тој беше тренерот кој практично донесе многу во играта и од кој тргнаа работите кон висините. Маковеј беше дел и од машкиот тим на Пелистер со кој исто така имаше одлични игри.

Меѓу славениците денеска е и младата ракометарка на Металург, Јулијана Михајловска, која полни 17 години.

Тука е и Захар Денисов. Украинецот кој е клупски колега со Жарко Пешевски во Мотор го слави својот 29 роденден.

Играчот на Висла Плоцк Матеуш Пиечковски, пак, ќе наполни 24 години. Соиграчот на Лазаров во Нант, Еспен Ли Хансен од Норвешка денеска полни 30 години.

Среќен роденден Богдан, Јулијана, Захар, Матеуш и Еспен!