Поранешниот член на екипата на Металург, а потоа и на Работнички, Вања Илиќ денеска полни 24 години. Тој во моментов настапува во првенството на Шпанија, а со репрезентацијата на Србија беше дел од последниот Мундијал.
На 25 февруари е роден и ракометарот на Вардар јуниор и Јуниор Кисела Вода, Здравко Постолов. Тој денеска полни 20 години.
Својот 21 роденден ќе го прослави Французинката Мелине Ноканди. Таа е ракометарка која го носи дресот на Мец.
Списокот на денешни славеници го затвора Николас Рами од Швајцарија кој е член на Вакер Тун. Тој денеска ќе наполни 27 години.
Среќен роденден Вања, Здравко, Мелине и Николас!


