Нов малер за Норвешка: Се повреди Суланд!

Една од клучните ракометарки на норвешката репрезентација, Лин Јорум Суланд се здоби со повреда за време на натпреварот против Франција во Ларвик во рамките на „Мобелринген куп“. Суланд која е членка на норвешкиот шампион Ларвик ќе паузира најмалку шест недели, што значи дека нема да настапува на престојното Европско првенство во Хрватска и Унгарија. Нејзина замена ќе биде Ида Карлсон од данскиот тим, Есбјерг.Норвешка на европското првенство нема да може да смета и на Катрин Лунде, Тоње Ностволд, Мари Молид и Марит Фрафјорд.

Фото: Bjørn Kenneth Muggerud