Франција: Монпеље победи и продолжи да му дише во врат на Нант

Во последниот натпревар од 15. коло од најсилната лига во Франција, Монпелје успеа да го надигра Шамбери со 24:22 и да обезбеди важни бодови во трката за место кое носи во Лигата на шампионите во следната сезона.

Актуелниот европски првак, немаше лесна задача против незгодниот Шамбери, но сепак обезбеди триумф од 24:22 што го одржи во трка за титулата. Мелвин Ричардсон одново беше одличен и речиси сам го сруши противникот со своите девет голови. На другата страна, Фахрудин Мелиќ погоди осумпати, но недоволно за поповолен резултат.

Еден натпревар помеѓу две екипи кои се борат за опстанок го обележа колото. Понто Комбо на свој терен го дочека Иври и во многу важен момент за освојување на поени загуби со 28:29. Гостите кои сега се одалечија на четири поени од опасната зона, имаа контрола во текот на целиот дуел и иако на крајот можеа да си направат „од готово вересија“ со доволно среќа обезбедија триумф.

ФРАНЦИЈА 1

РЕЗУЛТАТИ ОД 15. КОЛО

ЕКС – ТРЕМБЛЕ                33:26 (19:15)

ДАНКЕРК – СТ. РАФАЕЛ               29:27 (10:13)

СЕСОН – НИМ   23:30 (13:15)

НАНТ – ИСТРЕС                39:31 (22:14)

ПОНТО – ИВРИ                28:29 (10:13)

ТУЛУЗ – ПСЖ     30:35 (17:19)

МОНПЕЛЈЕ – ШАМБЕРИ              24:22 (11:8)

Табела: 1. ПСЖ 29 (+94), 2. Нант 26 (+53), 3. Монпеље 25 (+38), 4. Ним 23 (+24), 5. Шамбери 21 (+31)…