Среќен роденден Бранко!

На 21 февруари е роден еден од ракометарите кои оставија голема трага во репрезентацијата на Македонија. Бранислав Ангеловски денеска полни 42 години, а тој беше дел од составот на Европското првенство во Србија во 2012 година кога Македонија го освои 5. место.

Во кариерата играше за Вардар, Металург, Пелистер, Загреб… а кариерата ја заврши во Констанца во 2017 година каде што остана и после играчката кариера и продолжи како спортски директор.

Ракометарот на Паргас ИФ, Илија Крстевски исто така е на списокот на славеници на 21 февруари. Тој денеска го слави својот 26. роденден.

Денеска роденден слави и ракометарката на Куманово, Викторија Пеовска од Куманово. Таа денеска полни 27 години.

На списокот на славенички е и Французинката Шарлот Кифер од Мец. Таа ќе наполни 21 година.

Тунижанецот Амине Банур, кој настапува за Динамо Букурешт денеска ќе наполни 29 години.

Среќен роденден Бранислав, Илија, Викторија, Шарлот и Амине!