Нов ден од февруари, кој носи нови родендени. На списокот има пнеколку ракометари и ракометарки, а честките стартуваат од ракометарката и тренер на Пелистер, Викторија Блажевска која порано се презиваше Мурговска. Таа е актуелен тренер Пелистер, а воедно е и поранешна репрезентативка на Македонија, која настапи како кадетка на Европското првенство во Србија.
Викторија денеска го слави својот 27 роденден.
Од македонските ракометарки кои денеска слават роденден е и Стефани Софтовска од екипата на Металург. Таа полни 17 години.
Меѓу ракометарките од страна денеска роденден има Марија Итеренг од Норвешка која настапува за Кристијансанд. Таа полни 28 години. Денеска полнолетна станува Сара Штајнбакен од Норвешка, која го носи дресот на Ларвик.
Покрај нив роденден слави и голманот кој е репрезентативецот на Русија, Олег Грамс. Тој полни 35 години.
Играчот на Келце кој доаѓа од Белорусија, Арцем Каралек денеска полни 23 години.
Среќен роденден Викторија, Стефани, Марија, Сара, Олег и Арцем!


