Списокот на ракометари и ракометарки кои денеска слават роденден е доста долг и има повеќемина кои ќе имаат причина за прослава на 19 февруари.
Денеска ќе биде најголемо празнувањето во тимот на Савехоф каде има дури три ракометарки кои ќе прослават роденден, а се работи за три Швеѓанки.
Лина Кардел денеска станува полнолетна исто како и Кајса Салстром. За разлика од нив Елин Карлсон полни 20 години.
Голманот на Келце и на репрезентацијата на Србија, Владимир Цупара денеска ќе наполни 25 години.
Својот 17. роденден ќе го прослави Унгарката, Јохана Фаркаш, која е ракометарка на екипата на Ѓер.
Јозефине Хубер од Австрија која игра за Турингер денеска ќе наполни 23 години.
Полнолетство, слави Гиорги Чковребадзе. Грузиецот во моментов е дел од тимот на Монпелје, кој до 2 јуни ќе биде сопственик на титулата во Лигата на шампионите.
На списокот е и Беноа Конко од ПСЖ. Французинот денеска ќе наполни 22 години.
Среќен роденден Лина, Кајса, Елин, Владимир, Јохана, Јозефине, Гиорги и Беноа!


