Среќен роденден!

Денешните честитки за родендени одат на меѓународна сцена и тоа кај три ракометарки и двајца ракометари.

Миша Маринчек, која е колешка со Сара Ристовска во Крим Меркатор денеска ќе наполни 34 години. Голманката од Словенија е една од поискусните во тимот кој е шампион на оваа земја.

Исто толку години полни и ракометарката од Данска и од тимот на Копенхаген, Луис Фонс.

Швеѓанката Еба Лундштет која го носи дресот на тимот на Савехоф, пак, е најмлада на списокот на денешните славеници и полни 21 година.

Својот 25 роденден ќе го прослави соиграчот на Велко Маркоски и Никола Митревски, Романецот Ципријан Јанку Јонут, додека Шпанецот од Адемар Леон, Хуан Хозе Фернандез полни 26 години.

Среќен роденден Миша, Луис, Еба, Ципријан и Хуан!