Среќен роденден Марина, Ева, Марцин…

На списокот на родендени за 17 февруари се наоѓаат ракометари и ракометарки кои се од другите земји.

Денеска својот 30 роденден ќе го прослави десното крило на тимот на Ростов Дон, Марина Судакова. Се работи за репрезентативка на Русија која има медали од големите натпреварувања и која има одлична кариера.

Ева Јариж која е ракометарка на Брест настапува на позицијата десен бек. Таа денеска го прославува својот 19 роденден.

Највозрасниот на денешниот список е голманот од Полска, Марцин Вихари. Тој го носи дресот на Висла Плоцк, а полни 39 години.

Среќен роденден Марина, Ева и Марцин!