Вардар и Веспрем ќе играат вечерва во натпреварот на колото во Лигата на шампионите, кој многу веројатно ќе го одлучи тимот што ќе заврши на второто место.
Стратегот на унгарскиот тим, Давид Дејвис, помина четири сезони во „црвено-црното“ семејство, но денеска ќе биде од „другата страна“.
Сепак нема да биде сам во битката против многубројната „црвено-црна“ армија.
Во македонската метропола заедно со навивачите на Веспрем, допатуваа и неговата сопруга Анабелен Хернандез и неговите деца, со кои се сретнавме на аеродромот „Ференц Лист“ во Будимпешта.
И покрај тоа што си заминаа од Македонија, тие не заборавиле македонски јазик и порачаа дека очекуваат интересен двобој.



