Среќен роденден Димитар!

За разлика од минатите неколку денови 16 февруари е со помал број на ракометари кои прославуваат роденден.

На списокот на 24 Ракомет се наоѓа ракометарот на Металург и репрезентативец на Македонија, Димитар Димитриоски денеска полни 21 година. Тој е роден во 1998 година, а веќе има одлични репрезентативни резултати зад себе.

Тој беше дел од составот на Македонија кој го освои 6. место на Светското младинско првенство во Алжир во 2017 година, а минатото лето беше дел и од младинската репрезентација која го освои првото место на ЕХФ шампионатот кој се одржа во салата во СЦ „Борис Трајковски“.

Димитриоски беше дел и од подготовките за Мундијалот во Германија и во Данска. Беше и меѓу оние играчи кои се најдоа на списокот за патници, но се повреди на последниот тренинг, па не можеше да биде дел од Светското првенство. Сепак, има само 21 година и ќе има многу шанси за учество на големите натпреварувања.

Среќен роденден Димитар!