24Ракомет АНАЛИЗА: Стевче Алушовски за натпреварот СГ Фленсбург Хандевит- КИФ Колдинг Копенхаген

Една класична скандинавска пресметка, натпревар во кој и двете екипи се составени од голем број скандинавски играчи (Флензбург е на северот на Германија на граница со Данска), со исклучок на Ненадиќ, Гландорф и Кауфман.
Натпревар кој го суди романската судиска двојка Николае – Стефан и од која очекувам коректно судење со мала наклонетост на домашната екипа доколку е потребно во некои спорни ситуации.
Натпревар со исклучително значење за двете екипи, доколку победи Колдинг во директна пресметка со Барселона ќе решаваат за 1-то место во групата и полесен противник во Топ 16 фазата, мотив плус за Флензбург е дебаклот од -14 кој го доживеаја на првиот натпревар на отварањето на сезоната и секако второто место во групата.
На овај натпревар четата на Љубомир Врањеш ќе мора да докаже дека тоа бил само еден лош ден за нив.
Доколку се споредува формата на двата тима мислам дека Колдинг е во подобра форма следејќи ги последните резултат како во домашното првенство така и во шампионската лига. Флензбург играњето на два силни дуели против Барселона (особено оној во Блауграна) го искористи во најмала рака да ја подигне својата форма исто така, што се виде и на последниот натпревар од Бундес лигата каде го победија тимот на Лемго на гости.
Составите на двата тима се добро познати на љубителите на ракометот, а воедно и почетните постави со мали ротации. Кај Флензбург голмани се Матијас Андерсон и Мулер, бекови Кауфман, Ненадиќ, Могенсен, Гландорф, Јакобсон и крила незаменливите Егерт и Сван Хансен, пивот Јакоб Хеинл како и специјалецот за одбрана Тобијас Карлсон.
Во екипата на КИФ Колдинг, на голманската позиција се Хвид и Клеверли, бекови се Спелерберг, Андерсон, Карлсон, Ким Андерсон, Јоргенсен (повеке со одбранбени задачи), крила Ландин и Долк лево, а Ирнинг и Јенсен десно, на пивот Торстен Лаен и французинот Виуди (исто повеке одбранбени задачи). Гледајќи ги имињата кои ги набројав мислам дека двата тима имаат подеднаков број играчи за ротација и тука се егал.
Два состава кои се предводени од два добри тренери Врањеш и Кристијансон кои познавајќи го начинот на кој работат и со кој работат во стручните тимови немам сомневање дека ќе ги разработат и најситните детали околу овој натпревар.Мое видување на натпреваротДоколку Флензбург успее да го наметне стилот на игра со многу трчање и голови има големи шанси да победи, тимот на КИФ Колдинг треба да се спротистават со позициона игра со мал број на голови доколку сакаат да се радуваат и на овој натпревар.
Во секој случај еден натпревар за уживање за сите љубители на ракометните мајстории на Хвид, Андерсон, Егерт, Спелерберг, Ким Андерсон и нивните соиграчи. Уживајте!