Шамбери обезбеди четвртфинале во Купот на Франција

Тимот на Шамбери славеше во интересен дуел против Сен Рафаел со 33:31 и обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Франција.

Видно опуштени по паузата, и двата тима одиграа добро во нападот, но слабо во одбраната што резултираше со многу погодоци. Уште на почетокот, Шамбери покажа мала доминација. Во првите десетина минути дојде до 7:3 со што го предизвика тренерот на гостите да повика тајм- аут. Ваквиот потег на промени ништо бидејќи Шамбери до крајот на првото полувреме го наполни голот на противникот и веќе на половина од натпреварот имаше убедливо водство од 18:12.

По стартот на вторите триесет минути, Сен Рафаел заигра подобро. Гостинот, по долга серија на квалитетна игра во 47. минута успеа да се доближи до Шамбери на минус еден со што се роди нова надеж кај нив за победа во оваа средба. Во 50. минута, Сен Рафаел го изедначи резултатот, но сепак, Шамбери брзо се врати во ритам и во период од 52. до 56. минута направи серија од 5:2 со што си обезбеди мирна завршница и пласман помеѓу осумте најдобри.

Најдобриот играч на Шамбери, Фахрудин Мелиќ одново беше на висина на задачата и погоди седумпати со што го доведе својот тим до победа. На другата страна, деветте гола на Рафаел Кашете не беа доволни за поволен резултат. Остантите три натпревари од осминафиналето на францускиот Куп се играат в недела.