ОФИЦИЈАЛНО: Сигурдсон потпиша за ПСЖ!

Доскорешното лево крило на Рајн Некар Левен, Гудјон Валур Сигурдсон, во следната сезона ќе ги брани боите на францускиот првак ПСЖ, откако потпиша едногодишен договор.

Сигурдсон, кој поради повреда не беше дел од селекцијата на Исланд на последниот Мундијал, се сели од Германија во Франција, додека во спротивна насока ќе замине Уве Генсхајмер.

Едно од најдобрите леви крила во историјата на ракометот, претходно беше дел од гиганти како Кил и Барселона, а има настапувано и за Гумерсбах и Копенхаген.

ПСЖ, кој е предводен од македонскиот селектор Раул Гонзалес, добива засилување со кое ќе може да тргне кон долго посакуваната титула во Лигата на шампионите.