За популарноста на ракометот во Германија не треба многу да се зборува. Доказ за тоа се полните сали на сите натпревари во Бундес лигата, а тоа се случува и на дуелите во пониските конкуренции.
Во моментов во Германија е актуелно Светското првенство, a организаторите тоа го видоа како одлична можност да го промовираат албумот со самолепливи сликички.
Во него ги има машката и женската репрезентација на Германија, како и сите клубови, логоа, ракометари и маскоти.
Филип Талески и Филип Миркуловски исто така се дел од овој албум….





