Одиграни првите два натпревари од шестото коло на ВЕЛУКС ЕХФ ЛШ: Алингсас стигна до првата победа, Мотор Запорожје со важна победа се враќа од Шафхаузен

Вчера со натпреварите Алингсас-Бешикташ и Кадетен Шафхаузен-Мотор Запорожје стартуваше шестото коло на ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на шампионите. Алингсас му се реваншираше на турскиот клуб за поразот минатата недела и успеа да победи со 27-24, со што ја забележа првата победа во групната фаза во ЛШ.
Во Швајцарија екипата на Мотор забележа значајна победа против Кадетен Шафхаузен 32-37, по која со 5 бода се најде на четвртата позиција на табелата пред швајцарскиот тим.


ЧЕТВРТОК (20.11.2014)

ГРУПА Б

АЛИНГСАС-БЕШИКТАШ 27-24 (14-12)

До пред одигрувањето на ова шесто коло екипата на Алингсас заедно со македонскиот шампион Металург беа единствените екипи без победа во ЛШ. Швеѓаните вчера успеаа да му се реваншираат на Бешикташ за поразот минатата недела и го совладаа со 27-24, со што ја забележаа својата прва победа во групната фаза во ЛШ.

ali

фото:www.ehfcl.com

Алингсас од самиот почеток ја имаше контролата на овој натпревар и доминираше на теренот. Шведскиот тим имаше постојано водство помеѓу два и три разлика и најмногу благодарение на младиот централе бек Јеспер Конрадсон успеа да отиде со +3 на полувреме 13-10.

Во второто полувреме Алингсас ја зголеми својата предност најпрво на 17-12 па 19-13, за на половина на вториот дел да го има највисокото водство од 22-16. Бешикташ успеа да се врати во натпреварот и на пет минути до крајот стигна до -2, 25-23. Сепак Алингсас успеа да го запре турскиот тим комплетно да се врати во натпреварот и ги постави конечните 27-24 со што стигна до првата бодови во ЛШ.
Најпрецизни во екипата на Алингсас беа Енстром и Јохансон со 5 постигнати погодоци. Езбахар со 6 и Арифоглу со 4 го предводеа нападот на Бешикташ.

ГРУПА Д

КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН-МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ 32-37 (14-18)

Мотор Запарожје си заминува од Швајцарија со мошне значајна победа во борбата за пласман во ТОП 16 фазата. Остварена беше победа над Кадетен Шафхаузен со 32-37 по која Украинскиот тим се најде на четвртата позиција на табелата.

kadeten -motor

фото: www.ehfcl.com

До половината на првиот дел гледавме изедначен натпревар кога и резултатот на семафорот гласеше 12-12. По ова гостите направија серија од 6-2 и на полувреме заминаа со +4, 14-18.

Во првите тринаесет минути од вториот дел се чинеше дека Мотор Запорожје многу рано ја заврши својата работа во Швајцарија. Водството од 27-18 кое украинците го имаа во 43 минута ветуваше лесна победа до самиот крај. Но домаќините не се предаваа до самиот крај. Благодарение на ветеранот Пуљезевиќ кој имаше свои моменти на голот на Кадетен, швајцарците успеаа да ја намалат големата негатива која ја имаа и со голот на Лингер на 10 минути пред крајот да намалат на -2, 27-29. Но Мотор во клучните моменти на голот го имаше извонредниот Штокл кој му одбрани чиста контра на Грубнер, и го спречи комплетниот кам-бек на домаќините. До крајот на натпреварот украинците повторно го зголемија своето водство за конечни 32-37.
Бурка постигна 7 а Онуфриенко и Скопинцев по 6 погодоци во важната победа на Мотор, а на спротивната страна Граубнер беше најпрецизен со 8 гола.