Борко подготвува министерска фешта: Наум Петрески, Ѓоко Танески, Фрајле…

Македонските репрезентативци по новогодишната пауза и стартот на тренинзите во новата година ги очекуваат двата пријателски средби против Србија. По вториот натпревар со северниот сосед, дел од репрезентативците ќе заминат на свадбата на колегата од националниот тим, Борко Ристовски.

Голманот на нашата репрезентација, покрај подготовките за Светското првенство, се подготвува и за уште еден предизвик. Тој ќе прави свадба на 5 јануари со неговата избраничка Николина со која лани го доби синот Душан.

Забавата ќе се случи во еден скопски хотел во центарот на градот, а за гостите да уживаат ќе се погрижат нашите познати пејачи Наум Петрески и Ѓоко Танески, како и српската женска атракција Фрајле. Нашите ракометари ќе добијат уште еден слободен ден за Божиќните празници, по што ќе се подготвуваат за заминувањето во Минхен на 9 јануари.