ХУМАНИСТ НА ГОДИНАТА: Момир Илиќ им помогна на пет брачни парови да добијат дете!

Поранешниот капитен на српската репрезентација Момир Илиќ, и покрај тоа што се ближи кон крајот на кариерата, се уште е меѓу носителите на играта во унгарскиот Веспрем.

Тој во меѓувреме доби место во медиумскиот простор и поради неговата хуманост, бидејќи им помага на брачни парови што не можат да добијат деца.

„Им помагам на луѓето со вештачко оплодување, а за тоа ме инспирира личното искуство. Знам колку време го чекав мојот син. Луѓето имаат различни проблеми, па не можат да си дозволат вештачко оплодување, кое чини многу. Сакам да се раѓаат деца во Србија. Со гордост можам да изјавам дека им помогнав на пет брачни пара да добијат дете! Ми се ближи крајот на кариерата, па планирам во иднина да основам и фондација, за да им помагам на луѓето што имаат потреба“, вели Илиќ.

Тој по долго време чекање го доби својот син Тадеј, кој сега има три години.