Од свадба директно на Мундијалот во Германија

Македонската репрезентација денеска ги продолжува подготовките за настапот на претстојниот Мундијал во Германија и Данска.

По трите слободни дена што ги добија репрезентативците за празниците, тие денеска им се враќаат на тренинзите, а ги очекуваат за двадена и пријателските средби против Србија.

Голманот на нашата репрезентација, Борко Ристовски, покрај подготовките за Светското првенство, се подготвува и за уште еден предизвик.

Тој ќе прави свадба на 5 јануари. Ристовски е во долгогодишна врска со Николина со која лани го доби синот Душан.

По вториот натпревар со Србија, поголем дел од репрезентативците ќе заминат на свадбата на колегата од националниот тим.

Нашите ракометари ќе добијат уште еден слободен ден за Божиќните празници, по што ќе се подготвуваат за заминувањето во Минхен на 9 јануари.