Со нов дрес до нови победи: Ракометарите во нова опрема на Мундијалот

Ракометната федерација на Македонија во првиот работен ден во новата 2019 година ќе ги промовира новите дресови со кои ќе настапат репрезентативците на претстојниот Мундијал во Германија и Данска.

Промоцијата ќе се случи на 3 јануари со почеток во 14:00 часот, а покрај челните луѓе на РФМ, ќе бидат присутни и капитенот на нашата репрезентација Кире Лазаров, како и селекторот Раул Гонзалес.

Македонија се наоѓа во групата Б на светскиот собир и ќе има тешка задача да обезбеди место во втората фаза, а противници ќе ни бидат Јапонија, Бахреин, Хрватска, Исланд и европскиот шампион Шпанија.