Машката ракометна репрезентација денеска од 16:30 часот ќе ги започне подготовките за настап на Мундијалот во Германија и Данска.
На првиот собир и тренинг, нашите репрезентативци ќе бидат без селекторот Раул Гонзалес и неговиот помошник Роберто Парондо.
Поради католичкиот Божиќ, тие двајца ќе се придружат на останатите во текот на утрешниот вечерен тренинг.
Покрај нив, на првиот собир и тренинг, нема да се појави ниту Филип Талески, кој ќе дојде на 28 декември, а ќе доцни и Филип Лазаров.
Сите останати 20 ракометари, би требало уште од денеска да се стават на располагање. Македонија е во групата Б на Мундијалот со Јапонија, Бахреин, Хрватска, Исланд и Шпанија.


