Хрватскиот репрезентативен голман Марин Шего од следната сезона би можел да се пресели во македонскиот шампион Вардар, барем според информациите на унгарските медиуми.
Тој во моментов е член на ПИК Сегед, но неговиот договор истекува на крајот на летото, а во унгарскиот првак доаѓа Роланд Миклер, па Шего сосема сигурно заминува.
Во Вардар во моментов има четворица голмани – Дејан Мисолоављев, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ и повредениот Даниел Ѓорѓески, па доколку Шего дојде, некој од нив сигурно ќе мора да си замине.
Хрватот ја започна кариерата во тимот на Извиѓач Љубушки, а во текот на кариерата 33-годишниот голман беше член на Зрињски, Перутнина, Загреб, Висла Плоцк и Келце.
За хрватската репрезентација има 18 настапи, а се најде на списокот на селекторот Лино Червар за настап на Мундијалот во Германија и Данска, па најверојатно ќе брани против Македонија.


