Голманот на Вардар, Дејан Милосављев, се најде на поширокиот список на српската репрезентација за настап на Мундијалот во Германија и Данска.
Селекторот на Србија, Предраг Перуничиќ, покрај Милосављев, повика уште тројца голмани – Јандриќ од Металопластика, Веркиќ од Војводина и Цупара од Келце.
Со оглед на одличната форма во оваа полусезона, нема сомнеж дека Милосављев ќе биде во потесниот избор за настап на Светското првенство.
На списокот ги нема искусните Ненадиќ, Шешум, Абутовиќ, а тука е поранешниот кружен напаѓач на Вардар, Мијајло Марсениќ.
Србија е во тешката група А, заедно со домаќинот Германија, Русија, Бразил, Франција и Кореја.



