Руската репрезентативка Ана Вјахирева го доби признанието за најкорисен играч на Европското првенство во Франција, но нејзината репрезентација не успеа да стигне до златниот медал.
Таа беше клучна ракометарка во селекцијата на Евгениј Трефилов во полуфиналниот двобој против Романија, кога во победата со 28-22 успеа да постигне 13 голови.
Нејзината колешка, кружниот напаѓач Кенија Макеева пред мечот и ветила награда на Вјахирева доколку победат на дуелот со Романија.
„Јас и ветив гајба со овошје, односно гајба со мандарини. Ана сака мандарини, веќе сум и купувала досега. Сега пак ќе и купам, за нејзината одлична игра“, вели Макеева.
Русија во финалниот двобој загуби од Франција со 21-24, а Вјахирева повторно беше најдобра на теренот со седум постигнати голови, но немапе поддршка од нејзните колешки.


