Ледена авантура: Ракометарките на Подравка мораа да туркаат автобус за да го одглават од снегот (ВИДЕО)

Ракометарките на Подравка ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната, а дел од нив ќе се одвиваат во романскиот град Брашов.

Тие вечерва по заедничката вечера тргнале на пат кон Романија, но снежните наноси што ја зафатија Хрватска им направија големи проблеми.

Наместо тренинг, тие мораа да му помогнат на возачот за да биде продолжен патот. Тренерот Златко Сарачевиќ го чистеше снегот околу автобусот, додека девојките мораа да го туркаат за да се одглави.

Снажните ракометарки, меѓу кои и поранешната вардарка Алена Ихнева, одлично го одработија овој „тренинг“, а оваа ледена авантура сигурно ќе им остане долго во сеќавањата.

Погледнете како изгледаше тоа…