Дисингер: Aко не играв ракомет, ќе бев кошаркар или тенисер

Германскиот репрезентативец Кристијан Дисингер, дојде во Вардар по стартот на сезоната, но од натпревар во натпревар е се подобар и го покажува квалитетот што го поседува. Тој е првиот Германец што игра за машкиот тим на Вардар, а неговата сонародничка Ања Алтхаус со успех неколку сезони го носеше дресот на женскиот клуб.

Како и секој спортист и Дисингер има работи што ги сака, идоли со кои растел и го инспирирале. Спортот носи откажувања од некои работи, но и популарноста е добра работа. Левиот бек на Вардар полека си го зазема своето место во тимот на Парондо, па се очекуваат уште подобри партии од него во останатиот дел од сезоната. Прочитајте многу работи што сигурно не сте ги знаеле за Дисингер.

  • Што е она што секогаш го правиш по добар натпревар?
    – Победата како тим е најдобра радост.
  • Што правиш за да бидеш смирен додека се натпреваруваш?
    – Ништо.
  • Ако може да одбереш друг спорт со кој би се занимавал, што би било тоа?
    – Кошарка или тенис.
  • На која возраст почна да се занимаваш со спорт?
    – На 4 години.
  • Која е твојата омилена храна ноќта пред голем и важен меч?
    – Немам омилено јадење.
  • Кој те инспирирал кога си бил млад спортист?
    – Многу големи германски спортисти, како Шумахер, Новицки …
  • Со еден збор како би се опишал?
    – Авантурист.
  • Кој ти беше омилен тренер и зошто?
    – Мојот младински тренер Мартин Рериг, со него станав подобар како со никој друг.
  • Од што се откажа за да бидеш спортист?
    – Одење на вообичаен универзитет и од моите пријатели дома.
  • Кое е твоето омилено место за натпревар?
    – Секогаш дома.
  • Кои ментални алатки ги користиш кога си под притисок?
    – Ништо.
  • Дали мислиш дека ставот е фактор за победа?
    – Дефинитивно.
  • Ако имаш временска машина, дали ќе се вратиш назад или ќе одиш во иднината?
    – Веројатно ќе се вратам во минатото.
  • Дали сакаш да имаш дом на плажа или во планините?
    – На плажа.
  • Која беше омилена игра како дете?
    – Сакав да играм фудбал на улица.
  • Која храна најчесто ја сакате?
    – Немам омилена храна.
  • Ако би можеле да поседувате три автомобили, што би биле?
    – Mercedes G класа AMG, Audi RS 6 и BMW M5.
  • Што те прави лут?
    – Губењето.
  • Што секогаш носи насмевка на твоето лице?
    – Духовити соиграчи.
  • Која песна најмногу те потсетува на твојот живот?
    – Ух, навистина не знам.