Еден од најдобрите леви бекови во историјата на хрватскиот ракомет и поранешен ракометар на Вардар, Блаженко Лацковиќ, активен е и на прагот на својот 38 роденден во германскиот второлигаш Хамбург. Кога нема клупски обврски, тој е посветен на својот музеј!
„Музеј на илузии има во Загреб. Сопругата Николина еден ден ми рече – Што мислиш да отвориме таков и во Хамбург? Луѓето се заљубија во таков тип на музеи и им се допаѓа. Само што почнавме, имаше многу стрес, но успеавме и задоволен сум“, вели Лацковиќ.
Тој вели дека по крајот на кариерата сепак нема да остане со семејството во Хамбург и ќе се врати во Хрватска.
„Горди сме на тоа што го направивме во Хамбург со мојата сопруга, но планот ни е да се вратиме во Хрватска. Тоа е поврзано со луѓето кои се околу тебе и со работата со која се занимавате. Клубот има високи амбиции и сака камбек во Бундес лигата, а сопругата Николина го води музејот и двајцата сме исполнети. Но, дома си е дома, ни фалат нашите семејства, пријатели и тоа не влече назад. Јас покрај тоа што сум играч, помошник сум на Торстен Јансен, кој го води Хамбург“, вели Лацковиќ.
Левиот бек потекнува од Вартекс Вараждин, а потоа играше за Загреб, па за Фленсбург и Хамбург, пред да дојде во Вардар. Од Скопје повторно замина за Германија, каде беше дел од Кил, а сега повторно е дел од Хамбург.




