Некогаш еден од најдобрите ракометари во Македонија на позицијата десно крило, Иван Марковски ја продолжува својата тренерска кариера во Франција во редовите на тимот на Самбр Авенуа.
Доброто водење на екипата беше причина за Марковски да добие можност и понатаму да остане на чело на тимот и да продолжи со остварувањето на договорот.
Тој веќе го потпиша новиот договор кој е со важност до 2022 година, па ова значи дека ќе има уште четири години во кои треба уште повеќе да го крене нивото на клубот кој под негово водство игра на високо ниво.


