Откако беше спречен да настапи на дуелот од Лигата на шампионите против Келце и на натпреварот против Загреб во СЕХА лигата, бразилскиот интернационалец Рожерио Мораес Ферерира порано го започна одморот за време на репрезентативните активности.
Тој паузата ја искористи за да ја посети англиската престолнина – Лондон, каде беше заедно со неговата сопруга, a во Скопје ќе треба да се врати в понеделник, каде оние вардарци што немаат репрезентативни обврски ќе продолжат со тренинзи.





