Стружани имаа супер прво полувреме против Алингсас

Домаќинот на Струшкиот турнир го претрпе и вториот пораз откако денеска против Алингсас не успеа да ги издржи сите 60 минути во исто темпо. После одличното прво полувреме во кое 25 минути беа во предност, Алингсас имаше водство, кое во вториот дел беше зголемено за конечни 25:16

Стружани тргнаа одлично и брзо дојдоа до предност од два гола. Успеаја да поведат и со три гола при 7:4. Оваа разлика се одржуваше уште неколку минути. Тимот на Алингсас успеваше да се одржи во потребниот ритам и да намалува, но Струга имаше три гола предност до 10:7.

Во завршните пет минути од првото полувреме составот на Алингсас најде начин како да го сврти мечот во своја полза. Со четири гола во серија без да биде примен гол, па на одмор беше 10:11.

На почетокот на вториот дел до брзо израмнување, но откако резултатот беше 12:12 екипата на Алингсас стигна до серија од 6:0 и успеа да влезе во одлично продолжение на мечот во кој немаше никаков проблем до крајот да се зголеми уште повеќе водството.

До крајот се стигна до 25:16, па стана јасно дека Алингсас ги заврши игрите по групи со најмалку три бода додека Струга утре го игра последниот натпревар против составот на Констанца.

Како што стојат работите Алингсас ќе биде во битка или за 3. или за 5. место на крајот од турнирот.

СТРУГА – АЛИНГСАС    16:25 (10:11)

Игралиште на „Женска плажа“ во Струга. Гледачи: 200. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спировски од Струга. Делегат: Камер Металари од Скопје.

СТРУГА: Кизиќ (2 одб.), Стојаноски (5 одб., 1 сед.), Мечкароски (2 одб.), Кузманоски 3, Крстаноски, Петровски 2, Нацев, Тренчески 1, Цителишвили 3, Јанкулоски 1, Дукоски, Трпчевски, Барлакоски, Бајрамоски 3, Меме, Костоски, Хаџидимов 2.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 2 мин.

АЛИНГСАС: Акселсон (10 одб., 1 сед.), Крафт, Хеландер 4, Линдберг 1, Клар 5, Терн, Остергрен 1, Бодин 1, Анреасон 2, Лијаба 2, Нилсон 1, Сандберг 1, Лундал, Берг 7, Баруд, Ланг.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: