Само што завршија обврските со младинската репрезентација селекторот Данило Брестовац и неговите помошници Никола Матлиески и Кристијан Грчевски мораат на нова задача, а таа е со кадетската репрезентација.
Веќе утре кадетите се собираат и веднаш заминуваат за Маврово каде ќе ги одработат подготовките пред заминувањето за Грузија каде се одржува ЕХФ-шампионатот на кој е дел и Македонија. Познат е и составот од 22 ракометари на кои ќе се смета во овие подготовки и од кои ќе се бираат најдобрите 16 кои ќе патуваат за Грузија.
Меѓу овие ракометари има и тројца играчи кои беа дел од јуниорскиот ЕХФ-шампионат во Скопје. Тоа се голманот Марко Кизиќ, десниот бек Мартин Серафимов и десното крило Ненад Костески.
На списокот на повикани ракометари за подготовките за ЕХФ-шампионатот се најдоа:
Виктор Василевски, Дарко Кондев, Марко Божиновски, Ненад Костески, Андреј Митиќ, Димитар Ристовски (Металург 2), Мартин Серафимов (Металург), Игор Ѓорѓиев, Ален Ќосевски (Вардар), Дејан Џигероски, Кристијан Симоноски, Симон Гучевски, Александар Стојков (КЛ 7), Бобан Каковски (Е. Работник), Мартин Карапалески, Кристијан Анѓелкоски, Марко Кизиќ (Вардар јуниор), Васил Витанов, Бојан Солев (Борец), Теодор Тодески (Прилеп), Мартин Ивановски (Охрид), Давид Даев (Пролет).


