На натпреварите кои ќе се играат на Мундијалот во Германија и во Данска ќе може да има над 400.000 гледачи на сите средби, а според досегашната продажба на влезниците се очекува да дојде до максимална исполнетост на салите на сите средби.
Досега се продадени околу 250.000 билети што е одлична бројка и ова е најава за турнир на кој ќе има огромна посетеност.
За првиот дуел меѓу Германија и Јужна Кореја кој ќе се одигра во Берлин на 10 јануари веќе речиси и да нема влезници, додека за првиот меч на Данска против Чиле има уште помалку од 300 влезници.
Ова е најава дека многу брзо ќе дојде до продажба на сите билети, па како ќе наближува шампионатот ќе биде сè потешко да се дојде до можност да се влезе во салите.
Дури и влезниците за салата во Хернинг за последниот ден од Светското првенство кога ќе се делат медалите веќе речиси и да нема влезници. Официјално има уште 2200 билети, кои може да ги снема за брзо време.


